Што е A1 Xplore TV?
A1 Xplore TV е апликација која Ви овозможува да гледате телевизија на Вашиот смарт-телевизор, лаптоп, таблет или смартфон, каде и да се наоѓате.
Услугата A1 Xplore TV е достапна за сите мобилни и/или фиксни постпејд корисници на А1, без склучување дополнитeлни договори. Едноставно, пристапувате до апликацијата, ја активирате услугата A1 Xplore TV и можете да започнете да гледате телевизија.
Покрај за Вашиот дом, A1 Xplore TV е идеално решение и за Вашата викендичка, со една месечна претплата имате можност услугата да ја користите на 5 уреди.
Како да ја активирате услугата А1 Xplore TV?
Услугата А1 Xplore TV е достапнa за активација за сите A1 Постпејд корисници на мобилни и фиксни услуги. Активацијата можете да ја направите на еден од следниве начини:
Преку апликацијата “Мојот А1“:
- Во долното мени на апликацијата Мојот А1, влезете во секцијата ПАКЕТИ, а потоа одберете ја опцијата ДОПОЛНИТЕЛНИ ПАКЕТИ И УСЛУГИ.
- Селектирајте ја услугата А1 Xplore TV и извршете активација.
- По активацијата ќе добиете SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате и да ја користите услугата А1 Xplore TV на саканите уредите.
Во продажните салони на А1:
- Посетете еден од продажните салони на А1, каде ќе Ви биде активирана услугата А1 Xplore TV.
- По активацијата, на Вашиот мобилен број за контакт ќе Ви биде испратена SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате во апликацијата А1 Xplore TV.
Преку А1 Контакт Центарот:
- Јавете се во А1 Контакт Центарот на бројот 077/1234 и нашите агентите ќе извршат активација на услугата А1 Xplore TV.
- По активацијата, на Вашиот мобилен број за контакт ќе Ви биде испратена SMS порака со Корисничко име и Лозинка, со кои потоа ќе можете да се логирате во апликацијата А1 Xplore TV.
Претплатата за услугата A1 Xplore TV се наплатува во месечната сметка за А1 услугите на корисникот. Претплатата aвтоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена), сè додека корисникот не ја деактивира услугата. Деактивација на услугата A1 Xplore TV можете да направите преку мобилната апликација Мојот А1, во сите A1 продажни места или со повик во Контакт центарот на 077 1234.
Деталните услови за користење на A1 Xplore TV прочитајте ги овде.
Како да користите A1 Xplore TV на Вашите уреди?
Смарт-телевизор
Побарајте ја и инсталирајте ја апликацијата A1 Xplore TV на Вашиот:
- LG (од 2018 или понова верзија)
- Samsung (од 2018 или понова верзија)
- Hisense (Vidaa OS4 или понова верзија)
- Android TV, Android Box или Android stick (со Android верзија 9.0 или понови верзии)
Лаптоп или компјутер
Преку пребарувачот (browser) инсталиран на Вашиот лаптоп или компјутер пристапете до веб апликацијата A1 Xplore TV на следниот линк
Гледајте онлајнНајдобрата интерактивна телевизија
Согласно доделеното признание на Zappware за A1 Xplore TV на CSI Awards 2021 во категорија „Најдобра интерактивна телевизија или апликација“, како и доделената награда на CSI Awards 2020 во истата категорија и доделената награда на VideoTech Innovation Awards 2020 во категоријата „Напредни услуги“.