скелет
Изглед
Македонски
[уреди]Именка машки род
Множина: скелети
Избројана множина: скелета
Членувана форма: скелетот, скелетите
Значење
[уреди]Во Википедија има статија за скелет. |
1. Структура која им обезбедува потпора на организмите.
- Човечкиот скелет е составен од 206 коски, но овој број не е фиксен, туку е променлив во зависност од поединецот и возраста – новороденчињата имаат околу 270 коски од кои дел подоцна се спојуваат.
2. Рамка која обезбедува потпора за градба или друга конструкција.
- Скелетот на бродот веќе беше направен.
3. (фигуративно) Многу слабо лице.
- Таа толку ослаби додека беше болна така што стана прав скелет.
4. (фигуративно) Централното јадро што му дава облик на целата структура.
- Скелетот на организацијата е во суштина иста како што беше пред десет години, но многу нови лица дојдоа и заминаа.
5. (фигуративно) Скица за понатамошно делување.
- Скелетот на пиесата најавуваше дека тоа ќе биде нетрадиционално дело.
Изведени зборови
[уреди]Синоними
[уреди]
Етимологија
[уреди]Од старогрчкиот збор σκελετός што значи „мумија, исушено тело“.
Превод на други јазици
[уреди]
|
|