Прејди на содржината

Ајс-Ти

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ајс-Ти (англиски: Ice-T) (1958) е познат американски рок и хип-хоп музичар и глумец.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Ајс-Ти е роден во 1958 година во Њу Џерси, а вистинското име му е Трејси Мероу. Рано останал без двајцата родители: мајка му умрела кога бил мало дете, а кога бил во шесто одделение, умрел и татко му. Тогаш, тој се преселил во Лос Анџелес за да живее со тетка му. Таму се вклучил во уличниот живот и станал дел од бандата „Вест сајд ролин 30 ориџинал Харлем крипс“ (West Side Rollin' 30 Original Harlem Creeps). По завршувањето на средното училиште, се пријавил да служи во армијата, но се откажал по четири години. Во 1983 година, повторно се вратил во Лос Анџелес со намера да стане хип-хоп музичар.

Ајс-Ти е оженет е за моделот и танчерката Никол Натали Остин, позната како Коко Остин, која ја запознал во 2001 година.[1]

Во раните 1990-ти, Ајс-Ти бил водач и пејач на рок-групата "Бади каунт" (Body Count) која свирела комбинација на рок и рап, со што ги поставила темелите на рок-рап правецот. Нивниот албум "Убиец на полицајци" (Cop Killer), заедно со истоимената песна предизвикале огромни полемики во американското општество. Како последица на тоа, неговите противници - конзервативците од американската десница, предводени од Чарлтон Хестон, се избориле Ајс-Ти да го изгуби договорот со неговата издавачка куќа "Сајер Ворнер Брос" (Sire Warner Bross). Набрзо, групата се распаднала и Ајс-Ти започнал успешна соло-кариера, постанувајќи еден од најпопуларните рапери во 1990-тите.

Во 2000 година, Ајс-Ти започнал да игра во телевизиската серија „Закон и ред: Оддел за жртви“, каде го глуми поранешниот агент за наркотици Одафин Тутола. Исто така, тој настапувал и во неколку филмови, претежно играјќи улоги на цврсти луѓе или војници.

Ајс-Ти е автор на книгите:"The Ice Opinion, Ice: A Memoir of Gangster Life" и "Redemption - from South Central to Hollywood", во кои го опишува своето искуство од времето кога бил дел од уличните банди. Исто така, тој држи предавања низ американските затвори и училишта, учејќи ја младината да стои подалеку од дрогата и насилството.

Во 2011 година, Ајст-Ти и неговата сопруга Коко Остин започнале да настапуваат во популарното реалити шоу наречено "Ајс ја сака Коко", кое се прикажува на телевизискиот канал Е! Шоуто се одликува со голема гледаност, за што сведочи тоа што премиерната епизода ја гледале дури 1,58 милиони гледачи.[2]

  1. „Рапер што се топи од страст“, Антена, бр. 742, 14.9.2012, стр. 26.
  2. "Рапер што се топи од страст", Антена, бр. 742, 14.9.2012, стр. 26.