Прејди на содржината

Помош:Архивирање на разговорна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница е упатство што објаснува како нешто се прави на македонската Википедија.
Кратенки:
ВП:АРХИВИ
ВП:АРХ

Обично старите разговори на разговорните страници се архивираат кога страницата ќе стане преголема. Огромни разговорни страници се непрегледни, содржат застарени дискусии и стануваат додатен товар за корисниците со бавни интернет-конекции или компјутери. Постојат некои случаи кога има корист од тоа да се чуваат стари дискусии на разговорната страница, главно за новите посетители да знаат за кои проблеми веќе било дискутирано и да не ги почнуваат одново, но за таа намена постои предлошката {{ЧПП}}. На почетокот на разговорната страница треба да стои и известување дека старите дискусии се архивирани.

Статии не се архивираат бидејќи претходните верзии се достапни во јазичето „историја“. Архивирање се врши само на разговорни страници и огласни табли, кои често стануваат преголеми. Архивирањето на сопствена разговорна страница е оставено на корисникот. Некои корисници едноставно ја бришат својата разговорна страница, бидејќи старите уредувања се чуваат во „историја“. Во овој случај се користат „постојани врски“ за посочување на старите верзии, но овој начин не е најдобар, бидејќи се јавуваат извесни проблеми. Погледнете подолу за повеќе информации.

Напатствијата за разговорни страници предлагаат архивирање кога страницата ќе надмине 50 KB или содржи повеќе од 10 главни поднаслови. Сепак, ова е само општо напатствие и за секој случај посебно треба да се одлучи кога да се архивира. На пример, тековни дискусии и заглавија споменати во нив не треба да се архивираат додека не завршат конечно.

При архивирање со создавање на потстраници, постојат две различни постапки што најчесто се користат: „сечење и префрлање на содржината“ или „преместување на страницата“. Најчеста постапка е сечење и префрлање, бидејќи ја задржува историјата на страницата на едно место. При правењето на архиви многу помага кога се означуваат со датум, бројка, кратка содржина или слично.

Архивирање со потстраници

[уреди | уреди извор]

Најчест начин за архивирање на разговорна страница е користејќи потстраници. Постојат две главни постапки за правење потстраници: исечи и префрли и преместување. Која и да ја користите, би требало да се држите до неа, бидејќи мешање на двете може да направи проблеми.

Страниците со архиви треба да се именуваат вака: земете го името на разговорната страница и додајте „/Архива #“, каде што „#“ е бројката на архивата. Имајте на ум дека зборот „Архива“ почнува со големо „А“, пред бројката има празно место и бројката не почнува со нули.

На пример:

Не заборавајте да го употребувате правилниот именски простор – делот пред двете точки (:) – кога ја архивирате вашата разговорна страница. Треба да почнува со „Разговор со корисник:“, не „Разговор:“.

Со исечи и префрли

[уреди | уреди извор]
  1. Стиснете на уреди на разговорната страница што сакате да ја архивиратеи.
  2. Во кутијата за уредување, означете го целиот текст што сакате да го архивирате, десен клик (Windows/Linux) или контрол клик (Mac) и одберете исечи (cut). Текстот ќе се ископира во меморијата. Имајте на ум дека заглавни предлошки на ВикиПроекти треба да останат на главната разговорна страница и не треба да се префрлаат во архивите.
  3. Додека сте сè уште во кутијата за уредување, направете врска до името на архивата што ќе ја направите – можете да направите врска директно до потстраница само со ставање на коса црта (/) пред името на потстраницата (пр. /Архива 1).
    • Ако правите архива за конкретна тема, напишете го името на темата, на пример, [[/Дискусија за местото на раѓање]].
    • Ако архивирате само некоја стара дискусија, напишете го следниот достапен број. На пример, ако последната архива била Архива 3, новата именувајте ја [[/Архива 4]].
    • Ако сè уште не постојат архиви, именувајте ја [[/Архива 1]].
    • Врски до архивите се ставаат во предлошката за архиви (како се прави тоа е објаснето во заглавието кутија за архиви подолу).
  4. Зачувајте ја страницата. Сега би требало да имате страница само со најновите дискусии со црвена врска до новата архива на врвот.
  5. Отворете ја новата потстраница со кликнување на црвената врска. Префрлете ги старите дискуии што ги исековте од главната разговорна страница во кутијата за уредување.
  6. Додајте ја предлошката {{разговор-архива}} на врвот и на дното на архивираната страница. Тој додава белешка што кажува дека страницата е архива и дава врска до главната разговорна страница.
  7. Ако архивите се означени со бројки, можете да додадете и навигациски предлошка за олеснување на прегледот низ архивите. Погледнете го заглавието прегледнички предлошки подолу.
  8. Зачувајте ја страницата. Со ова веќе направивте архива.
Склопување и пребарување
[уреди | уреди извор]

Употребете ја предлошката {{Archive banner}} за да направите врските од главната разговорна страница да се склопуваат и за да имате кутија за пребарување низ архивите.

Предности на исечи и префрли

[уреди | уреди извор]
  • Дискусиите може да се архивираат и по тема, наместо хронолошки. Ова е корисно на разговорни страници каде што одредени теми се повторуваат по неколку пати и погодно е сите стари дискусии за одредена тема да се чуваат на едно место. Архивирање по тема обично не е соодветно за кориснички разговорни страници.
  • За разлика од начинот со постојани врски, архивата може да се изменува за прегледност. На пример, поднасловите може да се преименуваат за да бидат покорисни, непотпишаните коментари може да се означат, небитните коментари да се преместат на посоодветни места, итн.
  • Врските низ дискусиите остануваат индексирани на Википедија. Ова може да биде и слабост, бидејќи „што води овде“ често е преполнето со архиви и кориснички разговорни страници.
  • Корисниците кои набљудуваат некоја статија нема да ги набљудуваат и архивите. Кога се архивира со преместување, и архивите влегуваат во набљудуваните страници.
  • За разлика од архивирање со преместување, не се брише историјата на страницата.

Слабости на исечи и префрли

[уреди | уреди извор]
  • За разлика од архивирање со постојани врски, нови корисници може по грешка да одговорат на неактивни дискусии, што ја изложува страницата на вандализам.
  • Овој начин подразбира добронамерни уредувања од личноста што ја прави архивата. Кога довербата ќе се изгуби, без историјата на уредувања, речиси невозможно е да се докаже дека архивата е целосна копија на дискусиите што стоеле на разговорната страница. Пример.
  • За разлика од начинот со преместување, архивите не се додаваат автоматски на списокот на набљудувани страници на корисниците кои веќе ја набљудуваат главната разговорна страница.

Автоматизирано архивирање

[уреди | уреди извор]

Важно: Овие ботови моментално не работат на Википедија на македонски јазик. Врските се до Википедија на англиски јазик.

Ботовите en:User:MiszaBot и en:User:ClueBot III можат автоматски да праваат архиви со сечење и префрлање за било која разговорна страница (страница што има „Разговор“ во именскиот простор), со префрлање заглавија во потстраници кога нема да бидат активни некое време. Видете en:User:MiszaBot/Archive HowTo или en:User:ClueBot III#How to archive your page за упатство за користење на овие ботови. Кога се користат на разговорни страници што не се кориснички разговорни страници, прво мора да се постигне консензус за употребата на овие ботови.

Со преместување

[уреди | уреди извор]
  1. Архиви со потстраници може да се прават и со преместување на разговорната страница во потстраница.
  2. Додајте ја предлошката {{разговор-архива}} на врвот и на дното на архивираната страница. Тој додава белешка што кажува дека страницата е архива и дава врска до главната разговорна страница.
  3. Ако архивите се означени со бројки, можете да додадете и навигациски предлошка за олеснување на навигацијата низ архивите. Погледнете го заглавието прегледнички предлошки подолу.
  4. Сменете го пренасочувањето на испразнетата разговорна страница (главната разговорна страница) со обична врска до архивата така што ќе може да се најде со кликнување на врската. Веројатно е најдобро врската да ја ставите во предлошка за архиви (како се прави тоа е објаснето во заглавието кутија за архиви подолу).
  5. Ако постојат заглавни предлошки на ВикиПроекти, исечете ги и префрлете ги од архивата на главната разговорна страница.
  6. Ако постојат тековни дискусии, ископирајте ги на главната разговорна страница. Ако тековната дискусија е многу голема, можете исто така и да ги ископирате активните поднаслови од таа дискусија на главната разговорна страница и да додадете врска до истата дискусија во архивата. На пример:
Стандарди за архивирање
Видете Разговор за Википедија:Архивирање на разговорна страница/Архива 1#Стандарди за архивирање за постари дискусии на оваа тема

Предности и слабости на преместување

[уреди | уреди извор]

Овој начин ја преместува историјата на страницата, што прави коментарите од корисниците да изгледаат како да се дадени на архивата наместо на првичната страница, со што станува тешко да се бараат стари уредувања на разговорната страница од одреден корисник. Од друга страна, јазичето „историја“ секогаш ја дава само историјата за моменталната страница, што го олеснува наоѓањето на разлики помеѓу верзии од архивите. Преместувањето на историјата во архивата придонесува кон тоа полесно да се докаже дека архивата е вистинска копија на разговорната страница од моментот кога била архивирана, но од друга страна овозможува губење или изменување на коментари кога тековните дискусии се преместуваат назад на главната разговорна страница по преместувањето.

Навигациски предлошки

[уреди | уреди извор]

Ако архивата е означена со бројка („Архива #“ каде што # е бројот на архивата), можете да додадете прегледничка предлошка за полесен преглед низ архивите.

  • {{архива-нав}} го бара бројот на архивата како параметар – на пример {{архива-нав|3}} на Архива 3.
  • {{архива нав}} сличен на претходниот, но списокот на врски е динамичен, – на пример {{архива нав|33}} на Архива 33.
  • {{atn}} е сличен, но не бара параметар.
  • {{talkarchivenav}} ги комбинира {{разговор-архива}} и {{atn}}, со што се додаваат можности за преглед на стандардното известување.

Кутија за архиви

[уреди | уреди извор]

На често архивирани разговорни страници, корисно е да постои предлошка „кутија за архиви“. Кутијата обично се става под другите заглавни предлошки и пред првиот поднаслов, така што кутијата ќе се прикаже десно од содржината.

Ако новата архива била направена со постапката исечи и префрли и ако страницата веќе има кутија за архиви, додајте ја врската до новата архива во кутијата.

Ако новата архива била направена со преместување и ако предлошка за архиви веќе постои, ископирајте ја предлошката за архиви од новосоздадената архива на главната разговорна страница и додајте врска до новата архива во неа.

Ако сè уште нема кутија за архиви, паметно е да направите:

е добра за страници со голем број на архиви (како Википедија:Селска чешма); оваа предлошка користи посебна потстраница каде што се чува список на архиви.
прави лебдечка кутија со врски до архивите. Само ставете ја врската како параметар, на пример {{архиви|[[/Архива 1]]}}. Тука може да се ставаат повеќе архиви со различни имиња, со различни врски и со различен изглед. Погледнете го примерот за кутија за архиви на десно. Вики-кодот за примерот е: '{{архиви|[[/Стара страница|Стара страница]]. [[/Архива 1|Архива 1]]. [[/Архива 2|Архива 2]].}} (врските се црвени бидејќи страниците до кои водат не постојат) (за повеќе детали, погледнете ја страницата на предлошката). Друга можност е, ако имињата на архивите имаат дочно одреден формат како „Архива број“, списокот автоматски да се генерира со {{архиви | авто=да }} или {{архиви | авто=долга }} (за повеќе детали, видете Автоматски врски).

Предлошка:Архиви-склопувачки

е слично како {{архиви}}, но со различен изглед. Имено, тоа е склопувачка кутија што се отвора со клик. Работи со истите параметри како {{архиви}}. Погледнете го примерот на десно (за повеќе детали, погледнете ја страницата на предлошката.

Предлошка:Архиви-кориснички

посебно за кориснички разговорни страници. За повеќе детали, погледнете ја страницата на предлошката.

Автоматска кутија за архиви

[уреди | уреди извор]

И {{архиви}} и {{архиви-склопувачки}} можат автоматски да прикажуваат врски до архиви. Упатствата може да се најдат на страниците на предлошките.

Еден пример е {{архиви|авто=да}}. Ова автоматски прави кутија со врски до архиви именувани како „Архива 1“, „Архива 2“, итн. Архиви со други имиња може да се додадат како параметри (не се прават автоматски).

Пребарување низ архиви

[уреди | уреди извор]

Ако има неколку архиви, може лесно да се пребарува низ сите нив одеднаш користејќи го параметрот prefix. На пример, да речеме дека сакаме да отвориме дискусија на селската чешма за Викивести на македонски јазик. Пред да почнеме нова дискусија, прво можеме да ги пребараме архивите на селската чешма за слична дискусија: викивести prefix:Википедија:Селска чешма/. Со ова се пребаруваат сите потстраници на Википедија:Селска чешма.

Со постојани врски

[уреди | уреди извор]

Со овој начин, наместо да се копираат дискусиите на посебна страница, едноставно ставате директна врска до некоја претходна верзија на страницата. Предупредување: не може да се ставаат врска до претходни верзии на страница со вики-врска (ваква). Мора да ја ставите целосната мрежна адреса (УРЛ). Овие страници не се прикажуваат во пребарувања, бидејќи не се индексирани, туку динамично генерирани.

Постапка

[уреди | уреди извор]
  1. Одете на разговорната страница што сакате да ја архивирате и стиснете на „Постојана врска“ во алатникот на левата страна. Исто така можете и да одите во историјата на разговорната страница и да ја одберете верзијата што сакате да ја архивирате.
  2. Ископирајте ја целосната мрежна адреса (УРЛ) од вашиот пребарувач (треба да изгледа нешто како „http://mk.wikipedia.org/...“).
  3. Стиснете на Уреди на разговорната страница и избришете го текстот што сакате да го архивирате. Додека сте сè уште во прозорецот за уредување, направете врска до мрежната адреса што ја ископиравте претходно. Имајте на ум дека синтаксата за целосни мрежни адреси е различна од онаа за вики-врски. На пример: [http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Разговор_со_корисник:Пример&oldid=1112836 Архива 1]: јуни 2010
  4. Зачувајте ја страницата. Со ова веќе направивте архива.

Можете и да ја скратите врската за да го направите вики-текстот попрегледен со тоа што ќе го замените патот до страницата со {{fullurl}} врска, ставајќи го делот „oldid“ на крајот. На пример, примерот погоре може да се напише и вака:

[{{fullurl:{{FULLPAGENAME}}|oldid=1112836}} Архива 1]

што ќе се прикаже како Архива 1. Ако сакате, можете и да ја отстраните иконата за „надворешна врска“ (бидејќи ова ионака не е надврешна врска) со ставање на ознаки <span> околу врската, вака:

<span class="plainlinks">[{{fullurl:{{FULLPAGENAME}}|oldid=1112836}} Архива 1]</span>

што ќе се прикаже како Архива 1.

Предности на овој начин

[уреди | уреди извор]
  • Поедноставен е и троши помалку ресурси.
  • Постои гаранција дека дискусиите не биле изменети по грешка или вандализирани.
  • Овој пристап е корисен за заклучување на дискусии, бидејќи се дава среден преглед на разните гледни точки и врска до целосната неизменета дискусија.
  • За разлика од начинот со преместување, не ја брише историјата на страницата.

Слабости на овој начин

[уреди | уреди извор]
  • Не е возможно пребарување низ стари дискусии, бидејќи дискусиите што се архивирани на овој начин не се покажуваат во пребарувачки погони или пребарувањето на Википедија.
  • Не можат да се организираат теми на едно место, иако можете да давате директни врски до поднаслови што се важни за одредена тема.
  • Архивите не можат лесно да се регрупираат и распределуваат како со начинот со потстраници. Ако подоцна сакате да ги поделите архивите на поинаков начин, ќе треба да ги пренесете сите архиви на разговорната страница, да ја зачувате, и потоа повторно да архивирате (сево ова ја прави историјата многу понепрегледна).
  • Ако по грешка некој ја „уреди“ архивата (и го игнорира предупредувањето дека уредува стара верзија) ќе ја запише архивата врз сегашната разговорна страница (ова, секако, може да се врати).
  • Овој начин е многу поредок од претходните два и може да ги збуни дури и поискусните корисници кои не ја познаваат добро можноста „постојана врска“ во алатникот.
  • Не ги прикажува архивите во Специјални:ШтоВодиОвде/Наслов_на_страницата на страниците кои имаат врски до нив.

Тековни дискусии

[уреди | уреди извор]

Тешко е да се каже кога точно некоја дискусија „завршила“, а кога е тековна. Бидејќи архивираните дискусии се неменливи, архивирање на некоја дискусија значи и завршување на таа дискусија. Моментално се работи на овој проблем.

Ова се примери од вистински разговорни страници на Википедија каде што можете да го проучите кодот за да видите како се прават архиви.

Кориснички разговорни страници

Поврзано

[уреди | уреди извор]