Прејди на содржината

PubMed

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од PMID)
PubMed
Содржина
Контакт
Истраж. центарНационална медицинска библиотека на САД (NLM)
Воведена1996
Пристап
Мреж. местоpubmed.ncbi.nlm.nih.gov
Алатки
Разно

PubMed — бесплатен пребарувач на базата на податоци MEDLINE која содржи библиографски одредници за дела од областа на медицината и биотехнологијата. Со пребарувачот раководат и го одржуваат Националната медицинска библиотека на САД (NLM) и Националните здравствени институти користејќи го системот за пребарување на информации Entrez.[1]

Од 1971 до 1997 г. базата MEDLINE била достапна само во установи како универзитетски библиотеки. Со воведувањето на PubMed во јануари 1996 г. е овозможено приватно и бесплатно пребарување од домот или од работното место.[2] Бесплатениот пристап за јавноста започнал да се нуди во јуни 1997 г.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Покрај MEDLINE, PubMed нуди пристап кон:

  • постари одредници од печатини верзии на Index Medicus наназад до 1951 г. и порано
  • одредници кон извесни стручни списанија пред нивното внесување во Index Medicus и MEDLINE, како на пр. Science, BMJ и Annals of Surgery
  • мошне скорешни одредници во записите за написи пред нивно внесување во Medical Subject Headings (MeSH) и ставање во MEDLINE
  • збирка книги достпани во целосен текст и други подзбирки од материјалот на NLM[4]
  • PMC-наводи
  • книжница на NCBI

Многу записи на PubMed имаат врска до написите во полн текст, и некои од нив се достапни бесплатно преку PubMed Central[5] и месни огледални места како Europe PubMed Central.[6]

Информациите за стручните списанија индексирани во MEDLINE и достапни преку PubMed стојат во каталогот на NLM.[7]

На 27 јануари 2020 г. PubMed содржел преку 30 милиони библиографски одредници и извадоци со временски опсег наназад до 1966 г., избрани дела до 1865 г. и многу помалку дела до 1809 г. На тој датум 20 милиони записи на PubMed records биле наведени со нивните извадоци, а 21,5 милиони имаат врски до нивниот полн текст (од кои 7,5 бесплатно).[8] Во текот на претходната деценија додавани се просечно милион нови одредници годишно. Околу 12 % од одредниците во PubMed се однесуваат на дела поврзани со ракот, чиј удел пораснал од 6 % во 1950-тите на 16 % во 2016 г.[9] Добар удел имаат предметите „хемија“ (8,69 %), „терапија“ (8,39 %) и „зараза“ (5 %).

Во 2016 г. NLM го измениле системот, со цел да им овозможат на издавачите непосредно да исправаат грешки во одредниците на PubMed.[10]

PMID (од анг. PubMed identifier) е единствена назнака за секоја одредница која се состои од бројка.[11]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „PubMed“.
  2. „PubMed Celebrates its 10th Anniversary“. Technical Bulletin. United States National Library of Medicine. 2006-10-05. Посетено на 2011-03-22.
  3. Lindberg DA (2000). „Internet access to the National Library of Medicine“ (PDF). Effective Clinical Practice. 3 (5): 256–60. PMID 11185333. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 November 2013.
  4. „PubMed: MEDLINE Retrieval on the World Wide Web“. Fact Sheet. United States National Library of Medicine. 2002-06-07. Посетено на 2011-03-22.
  5. Roberts RJ (January 2001). „PubMed Central: The GenBank of the published literature“. Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 98 (2): 381–2. Bibcode:2001PNAS...98..381R. doi:10.1073/pnas.98.2.381. PMC 33354. PMID 11209037.
  6. McEntyre JR, Ananiadou S, Andrews S, Black WJ, Boulderstone R, Buttery P, и др. (January 2011). „UKPMC: a full text article resource for the life sciences“. Nucleic Acids Research. 39 (Database issue): D58-65. doi:10.1093/nar/gkq1063. PMC 3013671. PMID 21062818.
  7. „NLM Catalogue: Journals referenced in the NCBI Databases“. NCBI. 2011.
  8. (Напомена: За да ја погледате тековната големина на базата, внесете „1800:2100[dp]“ во пребарувачкото поле на https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/ и стиснете на „search“.)
  9. Reyes-Aldasoro CC (2017). „The proportion of cancer-related entries in PubMed has increased considerably; is cancer truly "The Emperor of All Maladies"?“. PLOS ONE. 12 (3): e0173671. Bibcode:2017PLoSO..1273671R. doi:10.1371/journal.pone.0173671. PMC 5345838. PMID 28282418.
  10. „MEDLINE/PubMed Production Improvements Underway“. NLM Technical Bulletin (411): e1. July–August 2016.
  11. Keener, Molly. „PMID vs. PMCID: What's the difference?“ (PDF). University of Chicago. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 July 2014. Посетено на 19 January 2014. Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]