Од Википедија — слободната енциклопедија
Изар (германски: Isar) — река во покраините Тирол (Австрија) и Баварија (Германија). Извира во венецот Карвендел на Алпите во Тирол. Навлегува во Германија кај Митенвалд и тече низ Бад Телц, Минхен и Ландсхут, па се влева во Дунав кај Дегендорф. Долга е 295 км и со тоа четврта по големина во Баварија, по Дунав, Ин и Мајна. Важи за втора најзначајна притока на Дунав во Германија, по Ин.
Сливот на Изар опфаќа значаен дел од Алпите и делови од Карвендел на североисток кон Дунав, и потоа кон Црното Море. Зафаќа површина од преку 9.000 км2. Поради зимските снегови на Алпите, реката е мошне полноводна на пролет, откако ќе се стопат. Просчениот истек изнесува 175 км2/с[1] и по тоа е слична на останатите средноголеми реки во Германија како Мозел, Лех и Мајна.
Најголеми притоки се Ампер и Лојзах, а има и повеќе помали, како Лојташ, Јахен, Дирах, Дорфен, Земпт и Пфетрах.
- ↑ Средна вредност, MQ 1926/2006