Амут
Изглед
Аммут (Амит, Амет, Амам, Амемет, Ахемаит) во египетската митологија било чудовиште, чија задача била да јаде коски, и срцата на лошите луѓе.
Страшниот суд решавал за судбината на мртвите после смртта. Главен судија бил Озирис, богот на плодноста, а тука бил и записничарот Тот, и мерачот на тежина Анубис. Сепак клучна била божицата на вистината, редот и правдата, Маат. Аммут стоела крај вагата на Анубис, и ако душата била лоша, ја фрлале кон Аммут, од која се плашеле и никогаш не била почитувана во Египет.