Палеозоик
Палеозоик пред 541 - 252,17 мг | |
Палеозоик е долга геолошка ера во развојот на Земјата која почнала пред околу 542, а траела до пред околу 251 милиони година, сметајќи од сегашно време. Називот потекнува од грчките зборови „палео“ (стар) и „зооик“ (живот). Палеозоикот е прва (најстара) ера на еонот фанерозоик.
Палеозоикот се дели на периоди, одејќи од најстариот кон најмладиот: камбриум, ордовик, силур, девон, карбон и перм.
Периодот на камбриум претставува период на зачетокот на животот. Во камбриумот, пред околу 540 милиони години, на копното немало никаков живот, но затоа во морето живееле разновидни растенија и животни со меко тело: мекотели, медузи, сунѓери. Познато е дека трилобитите имале големо хоризонтално распространување, но и дека голем број родови изумреле кон крајот на камбриумот. Во текот на следните 160 милиони години се појавиле нови морски животни: корали и морски лилјани, како и необични риби без вилици наречени безвилични ’рбетници или „тркалезноусти“. Воедно тие се и првите ’рбетници. Наскоро морињата и океаните ги населиле разни видови риби, кои потоа тргнале и во слатките води — езерата и реките.
На копното, на бреговите на мочуриштата, почнале да растат растенијата. Со тоа се појавила храна на копното, па настанале и инсектите. Во почетокот на карбонот, пред 360 милиони години, растенијата пополека ги освоиле бреговите. Првите `рбетници излегле од водата — водоземците, кои научиле да го вдишуваат воздухот и имале 4 нозе за одење. Стануваат се побројни, а од нив се развиваат ползачите (Naosaurus) кои се во состојба надвор од водата да се излегуваат од черупки
|