Херкул
Изглед
Херкул бил римски еквивалент на грчкиот божествен херој Херакле, син на Јупитер и смртната Алкмена. Во класичната митологија, Херкул е познат по својата сила и по многубројните далечни авантури.
Римјаните ја адаптирале иконографијата и митовите на грчкиот херој за нивната литература и уметност под името Херкул. Во подоцнежната западна уметност и литература и во популарната култура, Херкул почесто се користи од Херакле како име на херојот. Херкул е повеќеслојна фигура со контрадикторни карактеристики, што им овозможила на подоцнежните уметници и писатели да одберат како да го претставуваат. [1] Оваа статија дава вовед во претставите на Херкул во подоцнежната традиција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "Hercules," in The Classical Tradition (Harvard University Press, 2010), p. 426.