Прејди на содржината

Хипербола (лингвистика)

Од Википедија — слободната енциклопедија


Хипербола[1][2]троп поширок од зборот, а уметничката вредност ја добива по пат на претерување. Со хиперболата нештото се прикажува поголемо одошто е. Обратно од хипербола е литота.

Народни песни:

Болен Дојчин
Глава има колку еден казан,
уши колку два таруна,
очи има колку два шиника.
Он ми сака голема таина:
на ден ми сака една фурна леба,
и ми сака по две бочви вино,
и ми сака по бочва ракија,
и ми сака по три млади крави…


Во секојдневниот говор:
Милион пати ти реков да не го правиш тоа!
Умрев од смеење!
Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнал.
Таа исплака море од солзи.
Завршувам за секунда!
Смртно ми е досадно.

Поврзано

[уреди | уреди извор]