Прејди на содржината

DMX

Од Википедија — слободната енциклопедија
DMX
DMX во 2001
Роден(а)Ерл Сајмонс
18 декември 1970(1970-12-18)
Монт Вернон, Њујорк, САД
Починал(а)9 април 2021(2021-04-09) (возр. 50)
Вајт Плејнс, Њујорк, САД
Други имиња
  • Dark Man X
  • X
  • Divine Master of the Unknown
Занимање
  • Рапер
  • текстописец
  • глумец
  • музички продуцент
Активен период1985–2021
СопружникТашера Сајмонс (в. 1999; раз. 2014)
Деца15
Награди
Музичка кариера
ПотеклоЈонкерс, Њујорк, САД[1]
Жанрови
ИнструментиПеење
Издавачи
Мреж. местоdmx.store
Потпис

Ерл Сајмонс (англ. Earl Simmons; 18 декември 1970 - 9 април 2021), професионално познат како DMX (транскрипција: Ди-ем-екс) ― американски рапер и глумец. Се смета за влијателна фигура во хип-хопот во доцните 1990-ти и раните 2000-ти,[4] а неговата музика се карактеризира со „агресивен“ стил на рапување[5] и со лирска содржина која варира од хардкор-тематика до молитви.[2][3]


Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Ерл Сајмонс е роден на 18 декември 1970 година во Маунт Вернон, Њујорк.[6]

Како дете, Сајмонс бил подложен на физичко насилство од страна на неговата мајка и му била дијагностицирана бронхијална астма. [7] Тој бил Јеховин сведок. На десетгодишна возраст, поради насилството од мајка му бил испратен во групен дом. На петнаесетгодишна возраст се вратил во Јонкерс и спиел во празни канти за складирање и се спријателувал со кучиња-скитници.[8] Шворц, ограбил неколку студенти за да си најде храна и облека, како и кожна јакна и ремен за неговото милениче куче. Почнал да краде автомобили.[7]

DMX започнал со рапување во раните 1990-ти. По неуспешниот период додека бил под капа на Columbia Records, потпишал со Ruff Ryders Entertainment (заедничко вложување на Def Jam Recordings) и го издал неговиот прв студиски албум It's Dark и Hell Is Hot (1998). Албумот бил добро прифатен од критиката и од публиката, а го исфрлил синглот „Ruff Ryders Anthem“ кој се пласирал во топ-40 на Billboard Hot 100.[9][10] Ова бил прв од петте негови албуми кои последователно дебитирале на врвот на Билборд 200, а DMX станал прв изведувач во историјата на топ-листата со таков подвиг. Следувале албумите: Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1999) и „... ...“ (1999), кој станал негово најпродавано издание и бил поддржан од неговиот втор топ-40 сингл, „Party Up (Up in Here)“. По четвртиот албум, The Great Depression (2001) го издал и петтиот албум, Grand Champ (2003), чиј водечки сингл бил „Where the Hood At?“, а ја содржел и бонус-песната „X Gon Give It to Ya“.[11] Иако неговите следните изданија биле послабо прифатени од критиката и публиката, до 2021 година, DMX продал преку 75 милиони музички записи.[12]

DMX во февруари 2007 година

DMX глумел во филмовите: Стомак (1998), заедно со Нас; Ромео мора да умре (2000) и Од лулка до гроб (2003), заедно со Џет Ли; Излезни рани (2001) и Над законот (2019), заедно со Стивен Сигал; и Последниот час (2008), заедно со Мајкл Медсен. Во 2006 година, глумел во реалити телевизиската серија DMX: Soul of a Man, која првенствено била емитувана на кабелската телевизиска мрежа БЕТ. Во 2003 година објавил книга со мемоари под наслов Е.А.Р.Л.: Автобиографијата на DMX.[13]

На 2 април 2021 година, Сајмонс бил пренесен во болница каде што било пријавено дека е во критична состојба по срцевиот удар во неговиот дом, најверојатно како резултат на предозирање со дрога.[14][15] Следниот ден, неговиот адвокат Мареј Ричман потврдил дека Сајмонс е на апарати за одржување во живот.[16][17][18]

Утрото на 9 април 2021 година, на Сајмонс му откажале повеќе основни органи, односно неговиот црн дроб, бубрези и бели дробови,[19] и набргу потоа бил прогласен за мртов. Официјална причина за смртта на Сајмонс била срцев удар.[20][21]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
Студиски албуми
  • It's Dark and Hell Is Hot (1998)
  • Flesh of My Flesh, Blood of My Blood (1998)
  • ... And Then There Was X (1999)
  • The Great Depression (2001)
  • Grand Champ (2003)
  • Year of the Dog... Again (2006)
  • Undisputed (2012)
  • Exodus (2021)
  1. Simmons, Earl; Fontaine, Smokey D. (2003), E.A.R.L.: The Autobiography of DMX, HarperCollins, стр. 7, ISBN 978-0-06-093403-3, Архивирано од изворникот January 7, 2024, Посетено на October 10, 2016 Занемарен непознатиот параметар |name-list-style= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Huey, Steve (June 12, 2007). „DMX Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот April 30, 2012. Посетено на January 7, 2024.
  3. 3,0 3,1 „How DMX found God“. Pitchfork. April 21, 2021. Архивирано од изворникот July 28, 2023. Посетено на September 14, 2023.
  4. Bey, Justin; Jones, Zoe Christen (April 9, 2021). „DMX, electrifying rapper who defined 2000s rap, dies at 50“. CBS News. Архивирано од изворникот на February 6, 2022. Посетено на August 10, 2022.
  5. Chow, Andrew R. (April 9, 2021). „How DMX's It's Dark and Hell Is Hot Changed the Course of Hip-Hop Forever“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на August 5, 2022. Посетено на August 10, 2022.
  6. Smith, Harrison (April 9, 2021). „DMX, chart-topping rapper with gruff voice and hardscrabble life, dies at 50“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на April 9, 2021. Посетено на April 11, 2021.
  7. 7,0 7,1 WEISS, JEFF (April 10, 2021). „DMX Turned Agony and Atomic Energy Into One of Rap's Most Titanic Legacies“. GQ. Архивирано од изворникот на April 14, 2021. Посетено на January 7, 2024.
  8. Chuck, Elizabeth (March 29, 2018). „DMX song played in court before rapper gets a year in prison for tax evasion“. NBC News. Архивирано од изворникот на April 11, 2021. Посетено на June 7, 2018.
  9. Birchmeier, Jason (May 12, 1998). „It's Dark and Hell Is Hot – DMX“. AllMusic. Архивирано од изворникот на February 4, 2021. Посетено на April 10, 2021.
  10. „50 Greatest MCs of Our Time (1987–2007)“. Liveabout. About.com. Архивирано од изворникот на May 31, 2020. Посетено на April 10, 2021.
  11. Carissimo, Justin; Jones, Zoe Christen (April 9, 2021). „DMX, electrifying rapper who defined 2000s rap, dies at 50“. CBS News. Архивирано од изворникот на April 15, 2021. Посетено на April 11, 2021.
  12. Празен навод (help)
  13. Празен навод (help)
  14. Treisman, Rachel (April 4, 2021). „Rapper DMX On Life Support Following Heart Attack“. NPR. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 4, 2021.
  15. „Rapper DMX in hospital after heart attack“. BBC News. April 3, 2021. Архивирано од изворникот на April 3, 2021. Посетено на April 4, 2021.
  16. Collins, Dave; Landrum, Jonathan Jr. (April 3, 2021). „Rapper DMX on life support after heart attack, lawyer says“. Associated Press. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 3, 2021.
  17. Празен навод (help)
  18. Hoell, Rob; Cook, Lauren; Pittman, Ava; Lepore, Stephen M. (April 3, 2021). „DMX hospitalized after heart attack amid reports of overdose: lawyer“. WPIX. Архивирано од изворникот на April 4, 2021. Посетено на April 4, 2021.
  19. „DMX's Organs Failing, Family Says He's In His Final Hours“. TMZ. April 9, 2021. Архивирано од изворникот на May 16, 2021. Посетено на April 14, 2021.
  20. Празен навод (help)
  21. Bekiempis, Victoria (July 8, 2021). „DMX's Official Cause of Death Revealed“. Vulture.com. Архивирано од изворникот на October 6, 2021. Посетено на October 3, 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]