Прејди на содржината

Хекла

Координати: 63°59′N 19°42′W / 63.983° СГШ; 19.700° ЗГД / 63.983; -19.700
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хекла
Хекла и Тјоурсау
Највисока точка
Надм. вис.1488 м
Координати63°59′N 19°42′W / 63.983° СГШ; 19.700° ЗГД / 63.983; -19.700
Географија
Хекла на карта

Карта

Геологија
ВидАктивен кратерски стратовулкан
Последен избувод 26 февруари до 8 март 2000
Искачување
Прво освојувањеЕгерт Олафсон, Бјарни Палсон, 20 јуни 1750[1]

Хекла (исландски: Hekla) — стратовулкан во јужниот дел на Исланд со висина од 1488 метри и еден од најактивните вулкани на Исланд. Над 20 ерупции се случиле во и околу вулканот од 874 година наваму. Во средниот век, Европејците вулканот го нарекувале „Порта на пеколот“.

Хекла е дел од вулкански гребен долг 40 километри. Најактивниот дел на овој гребен, 5,5 километри долгиот кратер, се нарекува Хеклугја. Хекла наликува на превртен брод со серија кратери, од кои главно два се најактивни.

Честите и големи ерупции на вулканот го покриле поголемиот дел од Исланд со тефра и овие слоеви може да се користат за датирање на ерупциите на други вулкани во Исланд. Околу 10% тефра создадена во Исланд во последните илјада години потекнува од Хекла (до 5 км3). Кумулативно, вулканот е еден од оние вулкани коишто исфрлиле најголема количини лава во светот во тек на последниот милениум (околу 8 км3).

Репутација

[уреди | уреди извор]
Детали од картата на Исланд од 1585 на Абрахам Ортелиј која ја покажува Хекла во ерупција. Текстот преведен од латински гласи: "Хекла, непрестајно осуден на снежни вејавици, плука камења со страшна бучава".
Илустрација од книгата на Олаф Магнус Historia de gentibus septentrionalibus, книга 2, 1555

На исландски Хекла е збор за кратка наметка со качулка, и тоа може да се однесуваат на честата покривка од облаци на врвот. Еден постар латински извор, планината ја нарекува Казулa Планина (латински: Mons Casule).[2]

После ерупција во 1104, приказни, кои веројатно намерно се ширеле низ Европа од страна на цистерцијанските монаси, кажувале дека Хекла е вратата на пеколот.[3] Цистерцијанецот Херберт од Клерво во своето дело За чудата (латински: De Miraculis) напишал (без да ја именува Хекла):

Познатиот огнен котел на Сицилија, кој луѓето го викаат Оџакот на пеколот ... тврдат дека е мала печка во споредба со овој огромен пекол.[4]


Една поема од монахот Бенедит од околу 1120 за патувањата на Свети Брендан ја споменува Хекла како затворот на Јуда. Во Флатејарбок (исландски: Flateyjarbók) било забележано дека во текот на ерупцијата од 1341, луѓето виделе големи и мали птици како летаат во оганот на планината за кои се мислело дека се душите.

Во 16 век, Каспар Пејцер напишал дека портите на пеколот можат да се најдат во "Хекланската бездна без дно". Верувањето дека Хекла е портата на пеколот опстанало до 19 век. Сè уште постои легенда дека вештерки се собираат на Хекла за време на Велигден.

Геологија

[уреди | уреди извор]
Карта на вулканскиот систем на Исланд

Според морфолошка типизација Хекла е нешто помеѓу кратер и стратовулкан (изграден од мешана лава и тефра ерупции) и се наоѓа на гребен, на крстосницата во подрачје каде се сретнуваат јужната исландска сеизмичка зона и источната вулканска зона. Необичната форма на Хекла постои кај многу малку вулкани во светот, а сличен е Калакви во Чиле.[5] Хекла се наоѓа на долг вулкански гребен каде се наоѓа нејзиниот главен кратер Хеклугја којшто е пукнатина од 5.5 километри. Оваа пукнатина се отвора по целата нејзина должина за време на големите ерупции и се храни од магматскиот резервоар чиј горен дел се проценува дека се наоѓа на 4 километри под површината со центроид 2.5 километри пониско. Тефрата произведена од неговата ерупција е заситена со флуор, отровен за животните. Базалтниот андезит на Хекла генерално содржи над 54% SiO2, во споредба со 45-50% на други преодни алкални базалтни ерупции во близина (види ТАС класификација).[6][7][8] Тоа е единствениот исландски вулкан кој произведува калко-алкални лави.[9] Фенокристалите во лавата на Хекла може да содржат плагиокласи, пироксен, титаномагнетит, оливин и апатит.

Кога не еруптира Хекла често е покриена со снег и мали ледници. Вулканот исто така е невообичаено асеизмичен со активност која започнува само 30-80 минути пред ерупцијата.[10] Хекла се наоѓа на океански гребен, на раб на дивергентна плоча. Хекла се проучува денес во однос на параметри како што се притисок, деформација и други движења и сеизмичка активност.[11] Земјотресите во близина на вулканот главно се под магнитуда 2 ,кога не е активен, и со магнитуда 3 кога еруптира.

Историја на ерупциите

[уреди | уреди извор]
Тефра хоризонти во југоцентрален Исланд. Густата и светла боја слојот во средина е риолитска тефра од Хекла.

Најстарата забележана ерупција на Хекла се случила во 1104.[12] Од тогаш имало помеѓу дваесет и триесет значителни ерупции, кои понекогаш останувале активни и до шест години со малку пауза. Ерупции во Хекла се различни и тешко е да се предвидат. Некои од нив се многу кратки (недела до десет дена), додека други можат да траат со месеци и години (ерупцијата во 1947 започнала на 29 март 1947 година, а завршила во април 1948). Но, постои општа корелација: што подолго Хекла спие, толку поголема и покатастрофална е првичната ерупција. Најновата ерупција била на 26 февруари 2000 година.

Праисториски ерупции

[уреди | уреди извор]
Хекла над снежнa област од вулкански пепел

Една од најголемите холоценски ерупции на Исланд била Хекла 3 (или Х3) ерупцијата околу 1000 пред новата ера,[13] која исфрлила околу 7.3 км3 вулканска карпа во атмосферата, со показател на вулканска избувност VEI-5. Поради оваа ерупција, температурите во северните делови на светот следните неколку години биле пониски. Траги на оваа ерупција биле идентификувани во шкотскиот тресет и во Ирска. Студија за староста надрвените прстени од овој период покажала занемарлив раст на дрвениот прстен во текот на една деценија.[14]

Главни ерупции во праисторијата:[A]
Ерупција Година
Х-5 5050 п.н.е
Х-Sv 3900 п.н.е[15]
Х-4 2310±20 п.н.е
Х-3 950 п.н.е

A Датумите на ерупција се од Глобалната Вулканите Програма, други извори не се согласуваат.

Хекла 3, 4, и 5 произведуваат огромни количини на риолитски пепел и тефра, кои опфаќаат 80% од Исланд[16] и обезбедуваат корисни датум маркери во почвата  и во другите делови на Европа, како на Оркниски Острови[17] Скандинавија[18] и на други места.[19] Х3 Х4 произвеле најголеми слоеви на тефра на Исланд од последното ледено време. Во текот на последните 7,000 години, една третина од вулканската пепел наталожена во Скандинавија, Германија, Ирска и Обединетото Кралство потекнува од Хекла.[20]

1104 (Х1)
Главната зграда на репликата на Стенг, кој бил закопан под вулкански пепел од ерупцијата во 1104

Хекла бил заспан најмалку 250 години кога избил експлозивно во 1104 (веројатно есента) покривајќи повеќе од половина од Исланд (55,000 км2) со 1,2 км3 / 2.5 км3[21] на риодацидна тефра. Ова била втора најголема тефра ерупција во земјата во минатото со VEI-5. Фарми близу до вулканот во долината Тјоурсаудалур (на 15 км оддалеченост), Хрунаманафретур (50 километри) и езерото Хвитаурватн (70 километри) биле напуштени поради штетите. По ерупцијата Хекла станала позната во цела Европа.[22]

1158

Ерупција со VEI-4 започнала на 19 јануари 1158 произведувајќи над 0.15 кмлава и 0.2 км3 тефра. Веројатно тоа е изворот на Ефраволшраунската лава на запад на Хекла.[8]

1206

Ерупција со VEI-3 започнала на 4 декември.

1222

Ерупција со VEI-2 и ерупцијата од 1206 произвеле околу 0.24 км3 тефра, главно, на североисток.[23]

1300-1301
Хекла во 2006 година и исландски коњ

Оваа ерупција со VEI-4 која започнала на 11 јули и траела една година, е втора по големина тефранска ерупција на Хекла од населувањето на Исланд, покривајќи 30.000 км2 земјиште со 0.31 км3 тефра. Истекла над 0.5 км3 лава. Тефрата предизвикала значителна штета на населбите Скагафјердур и Фљот, со над 500 смртни случаи таа зима.[24] Материјалот излезен од оваа ерупција имал SiO2 нивоа помеѓу 56% и 64%, и освен малото изобилство на оливин, лавата била типична за Хекланските ерупции.[25]

1341

Мала ерупција (VEI-3) започнала на 19 мај и наталожила околу 5×107 м3 тефра над области на запад и југозапад од Хекла, што довело до угинување на стоката, веројатно од флуороза.[8]

1389

При крајот на 1389, Хекла избила повторно (VEI-3), почнувајќи со големо исфрлање на тефра на југоисток. Подоцна "еруптивната пукнатина се преселила надвор од планината во шумата малку над Скард". Скард и друга блиска фарма биле уништени од голем лавин поток што сега формира 12,5 км2 на Нордурхраун. Вкупно биле произведени околу 0,3 км3 лава и 5×107 м3 тефра[8].

1440

Ерупција веројатно се случила околу 1440 кај Рауделдер. Иако е блиску до Хекла, ова не е класифицирано како  ерупција на Хекла врз основа на SiO2 содржината на лавата.[26][27]

1510
17 см долга вулкански бомба пронајдена во лавините области на Хекла

Детали од ерупцијата во 1510 ерупција биле запишани дури еден век подоцна. Таа започнала на 25 јули и била особено силна (VEI-4), исфрлајќи вулкански бомби дури до Вердуфел, 40 км западно. Тефра вкупно 0.2 км3 се наталожила над Рангарвелир, Холт и Ландејар. Во Ландсвејт, загинал еден човек.[8][24]

1597

Ерупција со VEI-4 започнала на 3 јануари и траела повеќе од 6 месеци, со 0.15 км3 наталожена тефра на југ-југоисток, правејќи штети во Мирдалур.[24]

1636-1637

Мала (VEI-3) ерупција започнала на 8 мај 1636 и траела повеќе од една година. 5×107 м3 тефра од ерупцијата го оштетила пасиштето на североисток предизвикувајќи смрт на добитокот.[28]

1693

Започнувајќи на 13 јануари и траејќи повеќе од 7 месеци оваа ерупција на Хекла била една од најдеструктивните (VEI-4). Првично било произведено 60,000 м3·s−1 тефра, а 0.18 км3 во тек на целата ерупција која исто така предизвикала лахари и цунами. Тефра била наталожена на северозапад, уништувајќи и оштетувајќи фарми во Тјорсаурдалур, Ланд, Хрепар и Бискупстунгур. Ситна пепел од ерупцијата стигнала до Норвешка. Имало штета на дивиот свет со значителен број на угинување на пастрмка, лосос и кај домашните животни.[8][28]

1725

Многу мала ерупција, можеби само VEI-1, се случила на 2 април 1725 а лава течела од локации околу Хекла кои од тогаш се покриени со подоцнежни лавини текови. Овие ерупции не се класифицирани како Хеклански врз основа на SiO2 содржината на лавата.[8][26]

1766-1768

Ерупцијата во 1766 била голема (VEI-4) и го произвела вториот по големина лавин проток, 1.3 км3 покривајќи 65 км2, а трет по големина тефрански волумен, 0.24 км3, на било кој исландски вулкан во текот на населената ера. Ерупцијата започнала во околу 3:30 часот на 5 април 1766 и престанала во мај 1768. Првично се наталожил слој од 2 до 4 см тефра над Аустур-Хунаватнсисла и Скагафјердур, што резултирало со смрт на рибите и стоката. Рангарвелир, Ланд и Хрепар исто така претрпеле штета. За време на ерупција до 0.5 метри лавини бомби биле исфрлени на 15-20 километри, и била предизвикана поплава од ненадејното топење на снегот и мраз на падините на Хекла.[8][26]

1845-1846
Хекла околу 1851

Хекла била заспана  повеќе од шеесет години пред 1845, кога одеднаш испукала на 2 септември во 9 часот изутрина:

После силната бура ноќта на 2 септември истата година, површината на тлото на Оркниски Острови беше покриена со вулканска прашина. Жителите на Велика Британија помислија дека Хекла повторно се активирала. Веднаш потоа пристигна вест за голема ерупција на планината. Ноќта на 1 септември, луѓето кои живеат во близина беа преплашени од подземни рикања кои продолжија до средината на денот на 2ри. Потоа со страшна бучава на страната на конусот се формираа два широки отвори од каде потекоа потоци на лава, кои течеа низ две грла на падините на планината. Целиот врв беше покриен со облаци од пареа и вулканска прашина. Соседните реки беа толку жешки што угинаа рибите а овците бегаа уплашени од жештината а некои изгореа пред да можат да побегнат. Ноќта на 15 септември, два нови отвори беа формирани— еден на источната а друг на јужната падина — и од двата течеше лава дваесет и два часа. Течеше надолу дваесет милји,убивајќи многу добиток и уништувајќи голем дел од пасиштето. Дванаесет милји од кратерот, текот на лавата беше 40-50 стапки длабок и скоро една милја широк. На 12 октомври потече нова лава и создаде слична таква маса. Планината продолжи да биде активна до април 1846; потоа малку престана и пак продолжи во месец октомври(...) Ефектите на оваа ерупција бе катастрофални. Цел остров беше покриен со вулкански отровен пепел. Добитокот кој пасел го нападна болест и голем број од стоката угина...Снегот и мразот на планината целосно се стопија од жештината....[29]

—Анонимен, 1872

Ерупцијата престанала околу 5 април 1846. На почетокот на оваа ВЕИ 4 ерупција се произвело 20,000 м3·s−1 тефра. Таложењето на тефра (0.17 км3) главно било на исток-југоисток. Веднаш на исток од Хекла слојот бил 20-40 см длабок. Ситен пепел стигнал до Фарските , Шетландските и Оркниските Острови. Лавиниот тек кон запад и северозапад покрил површина од 25 км2 со 0.63 км3 со лава. Големи количини на темна пепел биле наталожени на пасиштето во истите насоки што довело до многу смртни случаи кај добитокот од флуороза во следните две години.[30]

1878
Хекла околу 1893 година

Мала ерупција (VEI-2) се случила меѓу 27 февруари 1878 година и април 1878 година, околу 10 километри источно од Хекла, и произвела 0.2 км3 лава од две паралелни пукнатини покривајќи 15.5 км2.

Од 1913 до 1948 година

[уреди | уреди извор]
Хекла околу 1904 година

Мала ерупција (VEI-2) се случила помеѓу 25 април 1913 година и 18 мај 1913 година, околу 10 километри источно од Хекла, и предизвикала големи пукнатини во Мундафел и Ламбафит кои произвеле 3.8 и 6.3 км2 лава.

1947-1948

Ерупција со VEI-4 започнала на 29 март 1947 година и завршила на 21 април 1948 година. Веројатно ова била втората најголема ерупција на лава од Хекла по населувањето на Исланд и втората најголема лавина ерупција во светот во периодот од 1900-1970. Вкупната количина на лава била 0.8 км3 со 0.21 км3 тефра. Пред ерупцијата Хекла била висока 1,447 м, зголемувајќи се на 1,503 м, пред повторно подоцна да се намали на 1,491 м.

Ерупцијата се случила еден век по последната ерупција на Хекла, најдолгиот неактивен период на вулканот уште од 1104. Пред ерупцијата, вулканот бил видлив во околината, но ништо значајно не било забележано. Ерупцијата се случила во 6:41 наутро ± 3 мин со силен звук. Подоцнежните ерупции можеле да се слушнат низ цел Исланд. Земјотресот во 6:50 наутро изнесувал 6 на Меркалиевата скала. Облакот од ерупцијата се искачил на висина од 30 км до 7:08 наутро, ветрот потоа го однел јужно кон Ејафјадлајекид, правејќи го црн. Тефра и пепел продолжиле да паѓаат додека не формирале слој од 3-10 сантиметри. Лавина бомба која слетала 32 км од Хекла имала обем од 0.5 метар и тежела 20 кг. Меѓу Ватнафјел и Хекла се наталожил слој од тефра со дебелина до 1 метар, вклучително бомби со пречник поголем од 0.5 м. Пепел паднал на Хелсинки, Финска, покривајќи 2,860 км.

Почетната стапка на произведена тефра во првите 30 минути на ерупција била 75,000 м3·s−1, намалена на 22,000 м3·s−1 во следниот половина час. Првичната фаза произвела 0.18 км3 тефра, еднакво на 4,5×107 м3 цврста карпа, покривајќи 3,130 км2 од копното и морето. 98 фарми биле оштетени од ерупцијата. Многу волонтери биле мобилизирани за да ја расчистат тефрата – околу 1000 луѓе на ден до крајот на јули. Ерупцијата произвела околу 3 ML вода (стопен снег и директно од кратерот) што предизвикало поплавување на реката Итри Ранга.

Во првите 20 часа на ерупција околу 3,500 м3·s−1 на лава избила од пукнатината, покривајќи 12-15 км2. На вториот ден, 8 различни еруптивни столба можеле да се видат. Кратерот формиран на 860 м наречен Лавин кратер или Храунгигур (исландски: Hraungígur), произведувал постојан проток на лава. Уште еден кратер име на Раменски кратер или Аксаргигур (исландски: Axlargígur) произведувал столб од чад секои 10 секунди, заедно со силни експлозии, што ги создавале видливи  бранови на притисок во чадот. До четвртиот, петтиот и шестиот ден, ерупцијата била значително намалена, и само на раменскиот и височинскиот кратер еруптирале експлозивно.

Лавино поле во 2009 година со лавина река од ерупцијата во 1947

Експлозивната ерупција се зголемила во сила од 9-12 април, а потоа од 28 април се намалила повторно. На 3 мај, вулканот престанал да исфрла лава во ненадејни експлозии од неговите кратери и се променил постојано исфрлајќи тефра и пепел за долги периоди, до почетокот на јуни кога ова се намалило. На 2 септември, Раменскиот кратер имал 960 м обем на врвот а Височинскиот кратер 700 м обем на највисоката точка, 90 m над гребенот. Песочната тефра и пепелта паднале над Исланд во мај и јуни, понекогаш правејќи дење да се чини стемнето во близина на Хекла. Тефрата предизвикала флуорско труење кај овците на пасиштата. Експлозивната активност престанала шест месеци по првата ерупција. Лава течела од лавиниот кратер континуирано во тек на ерупција, почнувајќи со над 100 м3·s−1, паѓајќи на 5-10 м3·s−1 во април и почетокот на мај со брзина од околу 20 cm·s−1 пред да се зголеми, достигнувајќи 150 м3·s−1 на крајот на јуни и на слични нивоа до средината на јули со проточна брзината од 2-2.5 m·s−1. Оттука постепено се намалила на под 10 м3·s−1 во ноември. На почетокот лавата се состоела од 57-58% SiO2 и 11% Fe2O3, па се променила на 54% SiO2 и 13.5% Fe2O3.

Лавината река понекогаш течела низ лавини цевки пред да се појави повторно. Лавата имала висина до 15 метри. На 15 и 16 јуни, лавин поток течел на југот на Мелфел. Најдолг лавин поток бил долг 8 километри кој застанал кај Стораскогсботнар. Еден научник кој го снимал лавиниот поток на 2 ноември беше погоден од лава и загинал.[31]

Течењето на лавата запрело по 13 месеци, на 21 април, покривајќи 40 км2 и со една максимална длабочина од 100 м. Лавините корита главно биле од типот ’а’аа. Во април и мај 1948 CO2 испарувал од пукнатините на тлото  во близина на Хекла, убил 15 овци и некои диви животни и птици. Вкупно испариле 24,000 тони на CO2. Ровови биле ископани од страна на земјоделците за да се исцедат овие вдлабнатини и CO2 емисијата била запрена до крајот на годината.[32]

Од 1970 до 1991 година

[уреди | уреди извор]
1970
Хекла со Тјоурсау во преден план

Ерупцијата во 1970 на Хекла започнала во 9:23 часот на 5 мај 1970 година и траела до 5 јули. Имала ВЕИ 3 и произвела 0.2 километри3 на лава покривајќи површина од 18.5 км2 и 6.6×10 7 м3 на тефра, наталожена на површина од 40,000 км2, главно, на северозапад на вулканот.

Главниот кратер на Хекла еруптирал само на југозападниот крај, повеќето од ерупцијата била од други пукнатини во близина. Ерупцијата запрела на југ-југозапад на 10 мај и во Хлидаргигар на 20 мај, но нова пукнатина се отворила на истиот ден и оттаму течела лава до 5 јули. Лавата била андезитна содржејќи оливин, слична на лавата што се произвела подоцна при ерупцијата во 1947 година.[33]

Пред ерупцијата, се стопила поголема количина на снег од нормалната, што укажувало на тоа дека вулканот се загрева. Потресите почнале во 8:48 часот вечерта на ерупција. Најголемиот замјотрес имал магнитуда 4. Ерупцијата започнала слабо во 21:23 IMT ± 2 мин пред да се зголеми во сила. Ерупцијата се чини дека започнала на 2 локации истовремено – кај Раменскиот кратер на југ-југозапад и под Лавиниот кратер. Во 22:30 часот кратерот на 780 м направил лавин столб кој достигнал надморска височина од околу 1000 метри. Во текот на ноќта на 700 метри висока лавина фонтана избила од главниот кратер. Се отворила пукнатина од 500 метри почнувајќи под Лавиниот кратер и оттука потекла лава. Еден час во ерупција, нова 400 метарска пукнатина се отворила на североисток, од каде избиле два главни лавини фонтани, и набргу потоа, друга соседна пукнатина се отворила од каде избиле лавини фонтани до височина од 500 м. На околу полноќ, друга пукнатина се отворила северозападно од Лавиниот кратер, од каде избила 300 м долга лавина фонтана, 200-300 метри во воздухот. До полноќ лавата веќе покрила повеќе од 1 км2 и ова продолжило до 7.5 км2 до следното утро што укажува на проток на околу 1500 м3·s−1.

Во првите два часа се произвело тефра од 10.000 м3s−1. Облакот од ерупцијата кој достигнал 16,154 метри до 22:10 часот, предизвикал невреме со грмотевици. Тефрата била однесена северно од страна на ветрот, предизвикувајќи небото на места да стане црно – 190 километри понатаму во Блендуос тефра паѓала од полноќ до 2 часот наутро. Исланѓаните земале мостри на тефра во нивните населби ставајќи плоча надвор за врз неа да застане сè што ќе падне. Ова, како и други мерења, покажале 8 тони по хектар, проширено на северниот брег.

Хекла во зима 2010

До 5:30 на 6 мај, лавиниот проток изнесувал 4 километри. Многу лавини бомби биле пронајдени во близина на главниот кратер, од кои една имала површина од 6 м2 и најверојатно тежина од 12 тони. Ксенолити формирале околу 2% на материјалите произведени од страна на кратерите. Овие биле видови на карпа, вклучувајќи базалт, андезит, игнимбрит и седиментна карпа.

Ерупцијата станала посилна во Скјолквиар на 12 мај, со столбови од пареа кои достигнувале височина од 2500 метри. Интензитетот на ерупцијата потоа постепено се намалувал додека не престанал на 20 мај. Лавиното поле, тогаш зафаќало област од 5,8 км2. Подоцна тој ден, 900 метри долга пукнатина се отворила 1 км северно од главниот кратер Хлидаргигар. Таа ноќ имало 17 лавини фонтани, секоја 20-50 м во висина. До вечерта следниот ден, 10-12 кратери биле формирани, секој исфрлал лава 50-100 метри во воздухот. Овој ред на кратери беше именуван Елдугигар. Постепено, бројот на активни кратери се намалил, најактивниот од овие формирал конус 100 м повисок од нивото на гребенот. Лавата течела до средината на јуни. Поголем конуси исфрлиле повеќе тефра, повремено со молњи во облаците од тефра. До 5 јули, ерупцијата престанала[33].

За време на ерупција на Хекла, бил произведен флуор кој се задржал на зрнцата тефра. Ситните зрнца содржеле флуор и до 350 ppm, а флуорско труење може да почне кај овците доколку храната содржи флуор до 25 ppm. Со 250 ppm, смрт може да се случи во рок од неколку дена. Во 1783, 79% од исландски овци угинале, веројатно како резултат на флуороза предизвикани од избивањето на Лакагигар. Пепелта од оваа ерупција содржела флуор од 0.2%, и два дена по ерупција во контаминираната трева имало до 0.4% флуор. 450 фарми и 95,000 овци биле погодени со ерупцијата. Некои овци се чувале внатре и се хранеле со сено или биле преселени, но и други земјоделци морале да ги хранат своите стада надвор.[33]

1980 и 1981 година.
Планината Хекла еруптира во 1980 година. Видено од 4 км на североисток од врвот.

Оваа VEI-3 ерупција почнала во 13:28 на 17 август 1980 година и траела до 20 август 1980 година. Тоа била мешана ерупција исфрлајќи количина на лава од 0.12 км3 и тефра од 5.8×107 м3. Пукнатината се отворила на 7 км должина. Непосредно пред ерупција имало столб од пареа. Еруптивниот столб достигнал висина од 15 километри. Главните наслаги на тефра биле на север-североисток и траеле околу 2 часа. Наслагите биле 20 см дебели 10 км од врвот, намалувајќи се на помалку од 1 мм на брегот, на далечина од 230 километри. Лавата првично потекла блиску до врвот, се ширела во другите делови на пукнатината покривајќи површина од 22 км2 за околу 24 часа. Последната скориа била видена утрото на 20 август. Ова била необична ерупција и траела кратко – најкуса од 1104 – претходните ерупции траеле од 2 месеци до 2 години, а не само 3 дена.[34]

Ерупцијата од 1981, која се смета за продолжение на минатогодишната ерупција, започнала во 3 часот наутро на 9 април 1981 година, со VEI-2 и произвела 3×107 м3 лава, траела до 16 април 1981 година. Ерупцијата исфрлила пепел на висина од 6.6 км, и нов кратер се формирал на врвот, од каде потекле 3 лавини потоци. Овие достигнале до 4.5 км од вулканот, покривајќи 5-6 км2.

1991
Лето 2009. Страничен поглед на Хекла.

VEI-3 ерупција се случила, од 17 јануари 1991 до 11 март 1991 година, произведувајќи 0.15 км3 лава и 2×107 м3 тефра. Ерупцијата, која била проследен и со сулфурен мирис и земјотреси, започнала како плинијска ерупција, произведувајќи облак од пепел кој достигнал надморска височина од 11.5 км во рок од 10 минути кој патувал 200 километри на север-североисток до брегот во рок од 3 часа. Ерупцијата потоа почнала да произведува андезитска лава, тековите покриле површина од 23 км2 на просечна длабочина од 6-7 м. Првично, дел од кратерот Хеклугја и други пукнатини избиле лавини фонтани кои достигнале 300 метри во висина. Вториот ден, активноста запрела во сите пукнатини, освен во онаа каде што главниот кратер бил формиран. Во текот на овие 2 дена, 800 м3·s−1 лава била произведена, намалувајќи на 1 м3s−1 и 14 м3·s−1. Оваа лава со ниска вискозност содржела SiO2 околу 54%.[35]

2000 година

[уреди | уреди извор]
Лавино поле на Хекла во јули 2000

Најновата ерупција била релативно кратка; започнала во 18:18 на 26 февруари 2000 година и траела до 8 март. Оваа VEI-3 ерупција произвела лава од 0.189 км3 еквивалент цврста карпа[36] / 0.29 км3 и 107 м3 на тефра. Ерупцијата одела низ четири фази:

  1. почетна експлозивна фаза
  2. огнени фонтани
  3. стромболска ерупција
  4. излевање на лава

Еруптивната активност била на максимум во првиот час, и првата ноќ пукнатината на Хекла имаше се отворила по должина од 6-7 километри. Столбот од пареа се искачил на висина од речиси 15 км, а пепелта била однесена до Гримсеј.[37] Во текот на оваа ерупција, авионот на НАСА DC-8 случајно прелетал преку вулканскиот чад со сите инструменти вклучени, што резултирало со мерење на младиот вулкански чад.[38]

До оваа ерупција, се претпоставувало дека Хекла не може да го произведе најопасниот од сите вулкански феномени, пирокластичен проток. Во јануари 2003 година, сепак, тимот на Норвол институтот во Рејкјавик, под раководство на проф. д-р Арман Хескулдсон, известил дека пронашле траги на пирокластичен проток, долг околу 5 км, кој се протега по падината на планината. Генерално се сметало дека вулкански ерупции од карпест тип не можат да се произведат големи пирокластични текови. Со ваквиот наод, љубопитните во иднина треба да бидат подалеку од вулканската активност отколку досега.

Пареа на врвот на Хекла

Флора и фауна

[уреди | уреди извор]
Растение од видот Silene uniflora блиску до Хекла
Лишаи Stereocaulon vesuvianum и мов Racomitrium ericoides на лавата со потекло од Хекла.

Областа кај Хекла била шумска. Комбинираниот ефект на човечкото присуство и вулканската активност создале нестабилна површина подложна на ерозија. Хеклускогар, проект за пошумување на 90,000 ха, се обидува да ги врати шумите со бреза и врба на падините на Хекла, почнувајќи со оплодување на почвата и садење трева. Ова ќе стабилизира големи области на вулкански пепел, ќе помогне да се намали ветровата ерозија, ќе ја успори стапката на дренажа па оттука и водената ерозија, и на крајот ќе го зголеми биоразновидноста. Ова е најголемото пошумување на ваков тип во Европа.[39][40] По ерупција, речиси сите на "безбедни локации' на новите лавини текови се заразени со мов во рок од 20 години[41] проширувајќи хомоген слој до 20 см дебелина за 50 години.[42]

Спорт и рекреација

[уреди | уреди извор]
Пешаци на падините на Хекла (јуни 2005)
Хекла центарот

Хекла е популарно одредиште за планинарење. По најновите ерупција  има патека до врвот[43]  прошетката трае 3 до 4 часа. На пролет, скијање е можно на кратки стази околу работ на кратерот. Во тек на летото, ова се лесни (F) планинарски патеки, исто така, околу кратерот,[44]. До вулканот може да се стигне со автобуси до Ландманалаугар 30 километри на исток, и можно е да се престојува или да се кампува во фармите во областа.[45] Хекла центарот е отворен за посетители на Леирубаки фармата, во 2007 година.[46]

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Хекла се споменува во уметничките дела од времето на средновековието.

Во шпанскиот апокалиптичен научно фантастичен филм од 2013, Последните денови (шпански: Los Últimos Días), новинари на вести шпекулираат дека три неодамнешни ерупција на планината Хекла можат да предизвикаат ширење на тип на агорафобија која ги убива луѓето кога излегуваат надвор.

Во Бостон, Масачусетс областа, има колачи кои се викаат хекла – големи цимет ролнички покриени со бела шеќерна глазура за да изгледа како снег на врвот на вулкан.[47]

Литература

[уреди | уреди извор]

Британскиот поет Вилијам Блејк Зимата ја прикажува протерана во Хекла во поемата На Зимата, во делото Поетски скици (англиски: Poetical Sketches)[48]

Во делото Да лежиш со лавови (англиски:To Lie With Lions) на Дороти Данет, трговци се во посета на Исланд во 1471 година и се под закана од претстојната ерупција на Хекла и Катла.

Планината Хекла се спомнува е во третата глава на романот Моби Дик на Херман Мелвил.

Делото Хекла, оп. 52 (1964) од исландскиот композитор Јон Лифс, било наречено "најгласната класична музика на сите времиња". Барањата за изведба на Хекла вклучуваат четири групи на удирање карпи со чекани, челични плочи, сирени, топови, метални синџири, хор, голем оркестар, и органа.[49]

Авионот Хекла Аурора во 2014 година

Во превозот

[уреди | уреди извор]

Мал дански крстосувач запловил во 1890 година под името „Хекла“. Бил укинат во 1955 година.

Дански стимер наречен „Хекла“ учествувал во битките во Првата шлезвишка војна.

Авиопревозникот „Исландер“ еден од нивните авиони го нарекла „Хекла“.

Организации

[уреди | уреди извор]

Во октомври 2011 германска милитантна група на левото крило наречена Хекла приемен комитет (Hekla-Empfangskomitee поставила најмалку 17 запаливи уреди на железницата во Берлинската област.[50]

Забавувачи

[уреди | уреди извор]

Хеклина е сценско име на позна изведувачка од Сан Франциско со исландско потекло.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hecla: a notorious volcano, Thorarinsson, p. 19
  2. Hekla : a notorious volcano, Sigurdur Thorarinsson(1970)
  3. Thorarinsson, Hekla, p. 4
  4. Herbert of Clairvaux, Liber De Miraculis, 1180
  5. Moreno Roa, Hugo; Lahsen Azar, Alfredo (1986), „Ejemplos del Volcanismo Fisural en los Andes del Sur (38°L.S.)“, Revista de la Asociación Geológica Argentina, 42 (1–2): 1–8
  6. „Hekla eruption 2000“. The Icelandic Meteorological Office. Посетено на 19 January 2008.
  7. Sturkell, Erik. "Hekla Deformation". University of Iceland, Institute of Earth Sciences. Archived from the original on 16 February 2007
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 "Hekla"Global Volcanism Program. Smithsonian Institution. 
  9. „Hekla“. Texas Natural Science Center, Non-vertebrate Paleontology Laboratory. University of Texas. 24 April 2008.
  10. Soosalu, Heidi. „Hekla Seismicity“. University of Iceland, Institute of Earth Sciences. Архивирано од изворникот на 12 February 2007.
  11. Sturkell, Erik. „Hekla Deformation“. University of Iceland, Institute of Earth Sciences. Архивирано од изворникот на 16 February 2007.
  12. „Hekla Eruption History“. volcano.oregonstate.edu. Архивирано од изворникот на 2017-08-06. Посетено на 2017-12-08.
  13. „Hekla – Eruptive History“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. (англиски)
  14. Cunliffe, Barry (2005). Iron Age Communities in Britain (4. изд.). Routledge. стр. 256. ISBN 0-415-34779-3.Pg 68
  15. Guðrún Sverrisdóttir; Níels Óskarsson; Árný E. Sveinbjörnsdóttir; Rósa Ólafsdóttir. „The Selsund Pumice and the old Hekla crater“ (PDF). Institute of earth sciences, Reykjavik. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 декември 2008.
  16. Guðrún Larsen (3 март 2006). „Tephra layers as part of Holocene volcanic history“ (PDF). Natural Science Symposium in Reykjavík 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 декември 2008.
  17. „Tephra on Orkney“. Orkney Landscapes. Fettes.com. Архивирано од изворникот на 15 September 2007.
  18. South Iceland. „Hekla – The queen of the Icelandic volcanoes“. Посетено на 24 October 2007.[мртва врска]
  19. „A Tephrochronological Database“. Tephrabase. School of GeoSciences, The University of Edinburgh.
  20. Pritchard, Hamish (12 August 2011). „BBC News – Another giant UK ash cloud 'unlikely' in our lifetimes“. bbc.co.uk.
  21. „Hekla Volcano“. University of Iceland, Institute of Earth Sciences. Архивирано од изворникот на 12 February 2007.
  22. Thorarinsson, p. 11
  23. Thorarinsson, p. 12
  24. 24,0 24,1 24,2 Thorarinsson, p. 14
  25. Gretchen, Swarr; Peter Oswald; Karen Harpp; Dennis Geist (27–29 March 2008). THE 1300 AD ERUPTION OF HEKLA VOLCANO, ICELAND. Northeastern Section, Geological Society of America, 43rd Annual Meeting. Buffalo. Архивирано од изворникот на 2017-09-14. Посетено на 17 August 2008.
  26. 26,0 26,1 26,2 Thorarinsson, p. 18
  27. „Hekla Eruption History“. Volcano World. Архивирано од изворникот на 2017-08-06.
  28. 28,0 28,1 Thorarinsson, p. 15
  29. Wonders of Creation: A descriptive account of volcanoes and their phenomena, T. Nelson & Sons (1872)
  30. Thorarinsson, p. 17
  31. „Morgunblaðið, 04.11.1947“. Timarit.is. 2012. Посетено на 22 July 2012.
  32. Thorarinsson, pp. 19–38
  33. 33,0 33,1 33,2 Thorarinsson, pp. 39–58
  34. Hutchinson, I.P. (1983). Upphaf Eldgossins í Heklu, 1980 (On the Eruption of Hekla, 1980)“ (PDF). Náttúrufræðingurinn 52 (1–4). стр. 175–183. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 October 2007. Посетено на 1 January 2008. Не се допушта закосување или задебелување во: |work= (help)
  35. „The Hekla Eruption of 1991“. Volcano World. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 8 July 2008.
  36. Höskuldsson, Ármann; Óskarsson, Níels; Pedersen, Rikke; Grönvold, Karl; Vogfjörð, Kristín; Ólafsdóttir, Rósa (2007). „The millennium eruption of Hekla in February 2000“. Bulletin of Volcanology. 70 (2): 169–182. Bibcode:2007BVol...70..169H. doi:10.1007/s00445-007-0128-3.
  37. „Hekla erupts Feb 26 – ~29, 2000“. Modified from Daily News from Iceland. Посетено на 19 January 2008.
  38. Grindle, Thomas J.; Burcham, Jr., Frank W. (August 2003). Engine Damage to a NASA DC-8-72 Airplane From a High-Altitude Encounter With a Diffuse Volcanic Ash Cloud(PDF). California: NASA Dryden Flight Research Center. Retrieved 30 May 2015.
  39. „The Hekluskogar idea“. Heklaforests. Архивирано од изворникот на 7 February 2009. Посетено на 14 January 2008.
  40. „The Hekla Forest Project“ (PDF). Heklaforests. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 December 2008. Посетено на 14 January 2008.
  41. Cutler N.A.; Belyea L.R.; Dugmore A.J. (2008). „Spatial patterns of microsite colonisation on two young lava flows on Mount Hekla, Iceland“. Journal of Vegetation Science. 19 (2): 277–286. doi:10.3170/2008-8-18371.
  42. Cutler, Nick. „High-latitude vegetation dynamics: 850 years of vegetation development on Mt Hekla, Iceland“ (PDF). PhD thesis, University of Edinburgh, School of GeoSciences. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 December 2008. Посетено на 16 August 2008. Наводот journal бара |journal= (help)
  43. „Hekla“. SummitPost.org. 2 May 2007. Посетено на 23 October 2007. (англиски)
  44. Escritt, Tony (1990). Iceland, The Travellers Guide. London: Iceland Information Centre. стр. 321, 325. ISBN 0-948192-04-6.
  45. Leffman, David; Proctor, James (2007). The Rough Guide to Iceland. Rough Guides. New York: Rough Guides. стр. 130. ISBN 978-1-84353-767-0.
  46. „Leirubakki – Hekla“. leirubakki.is. 2012. Архивирано од изворникот на 4 October 2011. Посетено на 18 March 2012.
  47. Gardner, Knox (22 February 2006). „Behold! Hekla“. Архивирано од изворникот на 2018-03-21. Посетено на 31 December 2007.
  48. „To Winter“. 1783. Посетено на 26 November 2016.
  49. Booklet of CD: "Earquake" (sic), Helsinki Philharmonic Orchestra, Leif Segerstam. Ondine ODE 894-2
  50. Gathmann, Florian (13 October 2011). „Train Track Attacks: Debate over 'Leftist Terrorism' Erupts in Germany“. Der Spiegel: International Edition. Hamburg.

Користена литература:

[уреди | уреди извор]
  • Thorarinsson, Sigurdur (1970). Hekla, A Notorious Volcano. trans. Jóhann Hannesson, Pétur Karlsson. Reykjavík: Almenna bókafélagið.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]