Прејди на содржината

Хера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хера
Ήρα
Врховна божица
Божица на бракот
ЖивеалиштеОлимп
СимболКалинка, Паун, Дијадема
СопружникЗевс
РодителиКрон и Реја
Браќа/сестриПосејдон, Ад, Деметра, Хестија, Зевс
ДецаАрес, Енио, Хеба, Илитија, Хефест
Римски панданЈунона

Хера (старогрчки: Ἥρα) — ќерка на Крон и Реја, родена е на островот Сем (Арг) и одраснала во Аркадија, каде ја воспитувал Темен, синот на Палазг. Дадилките ѝ биле годишните времиња. Била прогонета од татка си и Зевс ја пронашол во Кнос, на Крит. На почеток Зевс ѝ се додворувал без успех, но потоа се престорил во покисната кукавица и таа се сожалила на него, го прернала, а тој ја силувал враќајќи си го својот вистински лик. Таа била врховна божица во старостарогрчката митологија, божица на бракот, на небото во старостарогрчката митологија. Со врховниот грчки Бог Зевс таа била мајка на божествените деца Арес, Хеб и Хефест.[1]

Хера или Јунона била законска сопруга на Зевс иако му била сестра. Во ликот била најубавата божица претставена со круна на главата, облечена во елегантен фустан стегнат со појас, а носела златни сандали на стапалата. Хера уживала во луксузен накит. Зевс постојано ја изневерувал со многу божици и смртнички за што таа посредно му се одмаздувала, напаѓајќи ги љубовниците или нивните вонбрачни деца што тие му ги раѓале. Важела за заштитничка на женскиот род и на светоста на бракот. Калинката е нејзиниот растителен симбол кој ја означувал плодноста, а светото животно ѝ е паунот.

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 48 - 49.